Top Sport

Рома го договори првото засилување во јануарскиот преоден рок

Бодо/Глимт, минатата сезона беше хит во Конференциската лига. Во Европа одекна победата на овој тим над Рома (6:1) во фазата по групи. Во минато сезонската кампања Бодо/Глимт стигна до четврт-финалето, каде ги елиминира токму Рома.

Дебаклот на Рома во Норвешка го креираше Ола Солбакен. Крилниот напаѓач постигна два гола.

По тој меч Жозе Мурињо побарал да му го донесат крилниот напаѓач во Рома.

Италијанските медиуми пишуваат дека Солбакен, во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Рим како слободен играч.

Норвежанецот ќе добие договор до 2027 година, според кој ќе заработува по еден милион евра годишно.

Scroll to Top