Рома и Челси го договориле трансферот на Давиде Запакоста. Челси ќе им го позајмат 27 годишниот десен бек на Римјаните во наредната сезона.
Според италијанските медиуми Запакоста најверојатно утре ќе се појави во Рим и доколку ги мине лекарските прегледи ќе го потпише договорот.
Поранешниот италијански репрезентативец во 2017 година од Торино се пресели во Челси за сума од 25 милиони евра. Во првата сезона одиграл 38 натпревари и постигнал два гола, додека минатата сезона настапил на само 17 натпревари.
Запакоста ќе биде второто засилување за Рома што доаѓа од Лондон, претходно „волчицата“ го договори Шкодран Мустафи од Арсенал.