Талентираниот холандски фудбалер Џастин Клајверт од Ајакс се пресели во Рома. Клубот од Рим за 19-годишниот фудбалер ќе плати 20 милиони евра.
Патрик Клајверт е син на поранешниот играч на Ајакс и Барселона, Патрик. Тој претпладнево допатувал во Рим, а во текот на денот ќе го потпише пет годишниот договор со Рома.
На аеродромот „Фјумичино“, талентираниот напаѓач го пречекаа околу 500 навивачи на Рома.
Клајверт, во март годинава, го имаше и своето деби за сениорската репрезентација на Холандија.
Инаку, крилниот напаѓач е четвртото засилување на Рома во актуелниот преоден рок. Претходно договори со „волчицата“ потпишаа: Брајан Кристанте (Аталанта), Анте Чориќ (Динамо Загреб) и Иван Маркано (Порто).
Justin Kluivert has landed in Rome… ????? pic.twitter.com/pZiTsSVnQy
— AS Roma English (@ASRomaEN) June 11, 2018