Top Sport

Рома го продадоа Клајверт Јуниор на Борнмут

Рома официјално го продадоа Џастин Клајверт на премеиерлигашот Борнмут за сума од 11 милиони евра плус бонуси, како и процент од секоја следна продажба.

За Клајверт, синот на легендарниот поранешен холандски напаѓач Патрик Клајверт, немаше место во тимот на Рома, и тој помина неколку позајмици во РБ Лајпциг, Ница и Валенсија.

Рома го купија Клајверт за 17.25 милиони евра од Ајакс во 2018 година, но тој не ги исполни големите очекувања од него, и на крајот заврши со 68 настапи и 9 гола во дресот на Рома. Тој ќе заработува околу 4.5 милиони евра годишна плата во Премиерлигата.

Scroll to Top