Top Sport

Тонали плачел кога Милан му кажале дека го продаваат во Њукасл

Сандро Тонали завршил во солзи кога од Милан му соопштиле дека ќе го продадат на Њукасл, бидејќи сакал да остане на „Сан Сиро“, сметајќи дека ќе се пензионира со клубот за кој навива, тврди весникот „Ла република“.

И покрај оваа желба, Милан ја прифатија понудата за италијанскиот репрезентативец, кој ќе стане најзвучното засилување за Њукасл со цена од 80 милиони евра. Тонали си заминува од Милан со 130 настапи за „росонерите“ по трансферот од Бреша во 2021 година, и ја освои титулата од Серија А во 2021/22.

Заминувањето на Тонали, кој требаше да биде клучниот играч во новиот проект на Милан, е втор голем удар за навивачите на „росонерите“, по неочекуваниот отказ кој го доби спортскиот директор и легенда на клубот, Паоло Малдини, предизвикувајќи бес од страна на навивачите кон американските газди од „Редбрд“.

Scroll to Top