Челниците на Рома решиле да продадат неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок. Целта им е да го растоварат буџетот за плати. Ќе заминат фудбалерите кои имаат големи плати, а кои не се во прв план кај тренерот Паоло Фонсека.
Големо изнендување е што Рома ќе го продава капитенот Алесандро Флоренци. Тој игра многу малку сезонава, а мора да го смени тимот доколку сака да патува на Европското првенство.
Покрај Флоренци на трансфер листата ќе бидат ставени Бразилецот Хуан Жесус и Диего Пероти.