Top Sport

Французите доминантно до титулата во Лондон

Француските тенисери Пјер-Иго Ербер и Никола Мау ја освоија титулата на Завршниот мастерс во сезоната. Во финалето тие ги совладаа Равен Класен и Мајкл Венус со 6/3, 6/4. Ова е нивна 15 заедничка титула.

Француската двојка без загубен сет ја освои титулата и воедно направија исчекор во однос минатата сезона кога беа поразени во финалето.

За победата на Ербер и Мау им беа потребни 70 минути.

Французите исклучително добро сервираа, што им донесе голема предност во размените. Исто така максимално ги искористија слабостите кај Класен и Венус и со по еден брејк во двата сета дојдоа до победата.

За победата добија 1.500 поени и ќе поделат 533.000 долари.

Scroll to Top