Top Sport

Рома го продава Наинголан во Кина

Еден од најдобрите играчи на Рома, Раџа Наинголан, во овој преоден рок би можел да го напушти „Олимпико“. Челниците на Рома го загубија трпението со глупостите кои ги прави Белгиецот надвор од фудбалските терени.

Дека Наинголан не води спортски живот знаат сите во клубот, но неговото однесување за време на новогодишната ноќ ја прели чашата. Белгиецот објави видео на социјалните мрежи на кое се забележува дека е под дејство на алкохол.

Тој подцна го тргна видеото и се извини за однесувањето, клубот го казни парично и го суспендира на еден натпревар. Но тоа не е се спортскиот директор Мончи сериозно ги разгледува понудите, откако сите во клубот изразиле желба тој да биде продаден.

Цената на Наинголан изнесува 50 милиони евра, а според шпекулациите интерес за неговите услуги има во Кина и Англија.

Гвангжу е најмоќниот тим во Азија, го сака Наинголан на кого му нуди годишна плата од 12 милиони евра. Пречка за трансферот на Гвангжу не му преставува ниту таксата за луксуз. Имено на трансферот од 50 милиони евра, клубот ќе мора на државата да и плати уште 44 милиони евра.

Гвангжу го предводи Фабио Канаваро, клубот во изминатите шест години освои исто толку шампионски титули во кинескиот шампионат.

Scroll to Top