Top Sport

Рома го сака Конте, тој ги чека Манчестер јунајтед?

Рома го загуби трпението со Еузебио ди Франческо по лошиот старт на сезоната и веќе преговара со Антонио Конте, иако поранешниот тренер на Челси и Јувентус, го чека развојот на ситуацијата во Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, тврдат италијанските медиуми.

Според „Панорама“, претседателот на Рома, Џим Палота дал овластување да се преговара со поранешниот италијански селектор, кој беше забележан на трибините на неколку мечеви во Серија А последните недели, зголемувајќи ги шпекулациите за враќање „дома“.

Конте беше поврзуван со Милан, како замена за Џенаро Гатузо, и сега не сака да избрзува со одлуката, бидејќи легалниот процес со Челси за не-фер отпуштање трае, а во исто време чека и поатрактивна понуда од Јунајтед.

Scroll to Top