Екипата на Рома успеа да се извлече од негатива и да слави триумф над на Парма на својот „Олимпико“ во рамки на 31 коло во Серија А. На крајот на 90 минути на семафорот стоеше 2-1.
Бодовите на „волчицата“ покрај битката со Милан и Наполи за ЛЕ и беа потребни и за тренерот Фонсека да не добие отказ, по ултиматумот што го доби. А таков развој имаше воведниот дел од мечот.
Уште во 9 минута Парма доби пенал. Сигурен реализатор за 0-1 беше Куцка.
До крајот на првиот дел, со голот на Мхтаријан во 43 минута, мечот повторно беше во егал, 1-1.
Во второто полувреме Рома во 57 минута преку Верету поведе со 2-1. Тоа беше конечниот резултат на мечот во кој Рома апсолутно доминираше по бројот на упатени удари кон противничкиот гол.
Иако во минатото коло Болоња изненадувачки славеше кај Интер во Милано со 2-1, вечерва пулените на Синиша Михајловиќ го положија оружјето на својот стадион, пред Сасуоло.
Во 41 минута Берарди донесе гостинско водство од 0-1.
Стрелец на вториот гол за Сасуоло беше Хараслин во 57 минута.
До крајот на мечот вредни за одбележување се црвениот картон на домашниот тренер (Михајловиќ) во 82 минута и голот за Болоња постигнат во 91 минута (Бароу) за конечни 1-2.
На останатите вечерни средби во Серија А, Аталанта славеше со 2-0 против Сампдорија, додека Торино на свој терен беше поуспешен со 3-1 против екипата на Бреша.