Лаутаро Мартинез е еден од играчите кои ќе го обележат летниот преоден ток. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 111 милиони евра во периодот од 1 до 15 јули. Интер ќе заработи пет пати поголема сума од онаа што ја плати кога го донесе Лаутаро пред две години.
Малку е познато дека Атлетико Мадрид и Рома пред Интер имале можност за малку пари да го земат аргентинскиот напаѓач.
На почетокот на 2018 година Лаутаро им бил понуден на овие две екипи за само осум милиони евра. Во Мадрид и Рим не биле сигурни во квалитетите на напаѓачот, кој само неколку месеци подоцна се пресели во Интер и тоа за 20 милиони евра.
Сега тој според договорот вреди пет пати повеќе.
Оваа сезона Лаутарто Мартинез одиграл 31 натпревар за Интер на кои постигнал 16 голови.