Top Sport

Рома и Евертон со размена – Кин за Клајверт?

Рома е подготвена да го прати Холанѓанецот Џастин Клајверт во Евертон во обид да го добие италијанскиот талент Моисе Кин, кој немаше најдобар престој на „Гудисон парк“.

Според „Калчомеркато“, Рома се подготвени да се договорат за двегодишна позајмица со опција за купување или директна замена за Клајверт. Наполи и Милан исто така се заинтересирани за поранешниот фудбалер на Јувентус, меѓутоа се очекува дека Рома се фаворити бидејќи тоа е клубот каде што игра неговиот најблизок пријател, Николо Заниоло.

20-годишниот Кин замина од Јувентус за 27.5 милиони минатиот август, но имаше скромен учинок од еден гол и две асистенции во 26 натпревари за „карамелите“. Покрај тоа, тој беше казнет за прекршување на карантинот на тимот со забава дома.

Scroll to Top