Top Sport

Милан ја одбиле понудата на ПСЖ за Бенасер

Милан ја одбиле првата понуда од 30 милиони евра од Пари Сен-Жермен за нивниот фудбалер од средниот ред Исмаел Бенасер, тврди францускиот „Ле 10 спорт“.

Ова нема да биде крај на обидите на ПСЖ и нивниот спортски директор Леонардо да го донесат алжирскиот репрезентативец, тврдат француските извори.

„Росонерите“ платија 16 милиони евра за 22-годишниот Бенасер на Емполи минатото лето, откако се договорија со него по добивањето на наградата за најдобар фудбалер на Африканскиот куп на нации, каде што Алжир ја освои титулата. Тој имаше 23 настапи за Милан оваа сезона, и стана клучен играч во средниот ред под Стефано Пиоли.

Scroll to Top