Top Sport

Рома и Милан ќе се тркаат за потписот на Ауар

Рома и Милан во летниот преоден рок ќе водат борба за потписот на играчот на Лион, Хусен Ауар. Фудбалерот од средниот ред по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч.

Хусем Ауар долго време се поврзуваше со Ајнтрахт Франкфурт, но клубот потврди дека договорот пропаднал. Причината е што добил подобра понуда од Италија.

Рома му нуди пет годишен договор, а плановите на „волчицата“ ќе се обиде да им ги расипе Милан.

Интересот на Рома и Милан го става Алжирецот во позиција да ја добие најдобрата можна понуда.

Ауар, сезонава постигна еден гол за Лион. Тој има 24 години и досега играл само за Лион.

Scroll to Top