Леандро Паредес кариерата ќе ја продолжи во Рома. Тој во главниот град на Италија доаѓа од ПСЖ за четири милиони евра.
Аргентинскиот репрезентативец минатата сезона ја мина на позајмица во Јувентус, а во Рома доаѓа како замена за српскиот играч за врска Немања Матиќ кој замина во француски Рен.
ПСЖ и Рома постигнале договор и Паредес во наредниот период ќе отпатува за Италија. Тој ќе потпише договор до 2025 година, со опција за продолжување на договорот до 2026 година.