Четворица тренери ја предводеа Рома во 2024 година, а по завршувањето на сезоната на клупата ќе седне нов тренер.
По Жозе Мурињо, Даниеле Де Роси, Иван Јуриќ и сега Клаудио Раниери, клубот бара решение за наредната сезона. Токму поради изборот на новиот тренер Раниери и дојде во клубот.
Откако клубот го презеде американскиот претприемач и филмски продуцент Ден Фридкин во 2020 година, структурата на клубот е во целосен хаос. Не е јасно кој што работи во клубот. Многу промени имаше не само на тренерската позиција, туку и на разни други позиции во клубот.
Рома е најлошо управуваниот клуб во Европа, а поради љубовта кон неа, Раниери реши да ги прекине пензионерските денови за да му помогне на клубот кој секогаш му „лежел на срцето“.
Тој ќе ја извршува тренерската работа до крајот на сезоната, а во наредната Рома ќе има нов тренер на клупата. Тоа го потврди и самиот 73-годишен стручњак, автор на едно од најголемите сензации во Премиер лигата и во современиот фудбал, кога во сезоната 2015/16 го предводеше Лестер Сити до титулата.
„Бараме добар тренер. Тоа е тоа. Ќе се обидеме да не погрешиме во нашата селекција“, потврди тој.