Повеќе италијански извори тврдат дека претседателот на Рома, Џејмс Палота го потпишал договорот за продажба на клубот на неговиот американски сонародник Ден Фридкин.
Финансискиот весник „Милан е финанца“ потврди дека во средата навечер биле потпишани документите откако преговорите се обновија по паузата поради корона вирусот и откажувањето на финансиската групација од Кувајт. Весникот додава дека Фридкин групацијата отворила компанија во Лондон со која ќе се комплетира процесот на преземање и дека сите работи ќе бидат завршени до 31 август.
Со ова новите газди ќе добијат време да го наполнат буџетот на клубот и да почнат со планирање на летните засилувања.
Фридкин прво понудија 700 милиони евра за клубот пред пандемијата на корона вирусот, но потоа ја повлекоа понудата и сега се верува дека се работи за сума од околу 500 милиони евра.