Рома на Жозе Мурињо ја комплетираше необичната европска есен за италијанскиот клуб, со 3:2 победа над ЦСКА Софија, со која го обезбедуваат првото место во својата Ц група, откако норвешкиот Бодо/Глимт, клубот кој ги декласираше со 6:1, не успеа да го победи на гости украинскиот Зорја Луханск.
Теми Абрахам повторно блесна со два гола за Рома, која имаше 0:3 водство, пред во финишот ЦСКА да постигне два гола за интересен финиш.
Партизан пак, одигра само 1:1 со Анортозис во Белград, но тоа беше доволно за второто место зад Генк во групата Б.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА А
Алашкерт – Макаби Тел Авив 1:1
ЛАСК Линц – ХЈК Хелсинки 3:0
ГРУПА Б
Партизан – Анортозис 1:1
Гент – Флора 1:0
ГРУПА Ц
ЦСКА Софија – Рома 2:3
Зорја Луханск – Бодо/Глимт 1:1
ГРУПА Д
АЗ Алкмар – Рандерс 1:0
ЦФР Клуж – Јаблонец 2:0