Top Sport

Касано: Сари е просечен тренер, Јуве не знаат да играат добар фудбал

Антонио Касано повторно ги поддржа Интер за италијанската титула оваа сезона, критикувајќи го Јувентус и нивниот тренер Маурицио Сари, за кого вели дека е „просечен тренер“ кој се докажувал само во Серија Ц и Серија Б.

„Од крајот на август велам дека Интер ќе ја освои титулата. Антонио Конте е тренер кој носи дополнителни 15-20 поени и е светска класа. Не очекував Лукаку толку добро да се вклопи во тимот, но тој за два месеци научи италијански“, вели Касано во интервју за „Скај спорт Италија“.

Една од причините поради кои за Касано Интер е фаворит е неговото разочарување со Сари и со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

„Сари направи добри работи во последните години, но претходно беше само во Серија Б или Ц. За мене тој е само обичен тренер. Јувентус оваа сезона имаат екстра 10 поени поради Пауло Дибала и Гонзало Игуаин, двајца фудбалери од кои сакаа очајно да се ослободат во текот на летото. Да ги продадеа, сега Интер ќе бегаше 10-15 поени. Проблемот со Јуве е што тие не сакаат да играат добар фудбал, сакаат само да победуваат и не знам дали Сари е способен за такво нешто“, додава Касано.

Scroll to Top