Top Sport

Рома ќе добие нов сопственик

Џејмс Палота го продава фудбалскиот клуб Рома. Според италијанските медиуми акциите на клубот ќе ги продава во неколку етапи, што значи дека Рома постепено ќе го добие новиот сопственик.

Сега е јасно дека Рома ќе остане во сопственост на Американец. Клубот од Палота планирал да го купи милијардерот од Тексас Дан Фридкин. Тој најпрвин ќе вложел 150 милиони евра за да откупи дел од акциите. Со овие пари клубот ќе може да ја започне изградбата на новиот стадион. Потоа тој постепено ќе ја презема мнозинската сопственост во клубот.

Дан Фридкин на листата на „Форбсс“ се наоѓа меѓу 500 најбогати луѓе во светот. Неговото богатство е проценето на четири милијарди долари. Неговата корпорација се занимава со кинематографија, поседува ланец на луксузни хотели, организира натпревари во голф и поседува ланец на салони на „Тојота“ во пет американски сојузни држави.

Фридкин има 54 години, а мозински сопственик е во 12 компании.

Медиумите пишуваат дека доаѓањето во Рим позитивно би влијаело врз неговиот бизнис во туризмот и хотелиерството. Наводно услов на Палота да го продаде мнозинскиот пакет акции бил Фридкин веднаш да започне со изградбата на новиот стадион.

Scroll to Top