Фудбалскиот клуб Рома, од градот Рим доби „зелено светло“ за изградба на новиот стадион. Исто вакво барање градските власти одбија пред точно една година. Изградбата на „Стадио дела Рома“ ќе има капацитет од 52.500 седишта, а изградбата треба да чини 300 милиони евра.
#StadioDellaRoma : La risposta dei Proponenti al Mibact https://t.co/RGTkTyjl2P pic.twitter.com/PzXjbHe3mZ
— Stadio della Roma (@StadiodellaRoma) February 18, 2017
„Верувам дека новиот проект ќе овозможи да заживее еден запустен дел од градот. Донесовме добра одлука. Изградбата може да започне веднаш. Сметаме дека новиот стадион и инфраструктурата што ќе биде изградена, ќе го подобрат живото на граѓаните“, рекла градоначалничката на Рим Вирџинија Раџи.
Од клубот најавиле дека во текот на годината ќе започне изградбата и дека стадионот ќе биде готов за сезоната 2020/2021.