Top Sport

Линдзи Вон не го заврши последниот Супер-џ во кариерата (Видео)

Линдзи Вон, легенда на женското скијање, неславно ја заврши својата последна трка во Супер-џ, во кариерата. Таа падна за време на трката со која е отворено Светското првенство во Оре, Шведска.

Американката изгуби контрола на еден дел од патеката, поради што падна и заврши во заштитната мрежа.

Иако кон неа веднаш се стрчаа медицинските тимови и стјуардите, таа ја одбила помошта, станал и се спуштила кон целната рамнина.

foto> epa

Пвој потег со овации го испратиле гледачите.

Вон најави дека ќе се повлече по завршувањето на Светското првенство. Ова значи дека спустот в сабота ќе биде нејзината последна трка во кариерата.

Американката има забележано 82 победи во Светскиот куп. Во кариерата освоила четири големи и 16 мали Кристални глобуси, а била олимписка и светска првенка во спуст и светска првенка во Супер-џ.

foto: epa
Scroll to Top