Новиот генерален менаџер на Рома, Тијаго Пинто потврди дека се сретнал со Един Џеко и со тренерот Пауло Фонсека, по што се одлучило босанскиот „дијамант“ веќе да не ја носи капитенската лента на „волчицата“.
Ова е кулминација на конфликтот на Џеко со тренерот Фонсека, и тој тренираше посебно од тимот на крајот на јануари, кога беше блиску до „трампа“ во Интер за Алексис Санчез. Денеска, тој се вратил на тренинзи, но Пинто потврди дека веќе нема да е капитен.
„Не сакаме да бараме излез, важно е да се разбере дека внатре во клубот има динамика слична како кај семејствата, и семејствата стануваат посилни со решавање на проблемите. Един е моќен фудбалер, голем професионалец со огромно искуство, а Фонсека е лидер на нашиот проект, врши добра работа и е вистинската личност за градење на иднината. Клубот мора да почива на правила, и сега Един не е капитен, и работиме на добро за клубот. Кој ќе биде капитен ќе одлучи тренерот и клубот“, објасни Пинто.