Top Sport

Рома му врачи отказ на Ди Франческо, Раниери доаѓа како „привремен“ тренер?

Рома и официјално го отпуштија тренерот Еузебио ди Франческо вечерва по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите, и италијанските медиуми очекуваат поранешниот тренер на Фулам и Лестер, Клаудио Раниери да биде „привремен“ тренер.

„Во мое име и во име на сите во Рома би сакал да му се заблагодарам на Еузебио за неговата работа и посветеност. Од враќањето во клубот, тој секогаш се однесуваше професионално и ги постави потребите на клубот пред своите. Му посакуваме сè најдобро во иднина“, вели во соопштението претседателот на клубот, Џим Палота.

Според фразата која се користи, се смета дека Ди Франческо и Рома взаемно се договориле да го раскинат договорот. Вчера, Ди Франческо одби да зборува со медиумите, за што ќе биде казнет од УЕФА по поразот во продолженијата од Порто и елиминацијата од ЛШ. Ова беше втор лош резултат за „волчицата“ во низа по 3:0 поразот во градското дерби од Лацио.

Поранешниот тренер на Сасуоло, Ди Франческо дојде во Рома летото 2017 година и минатата сезона ги донесе до прво полуфинале од ЛШ по децении минатата сезона и до трето место во Серија А.

67-годишниот Раниери, познат навивач на Рома, беше тренер на клубот од септември 2009 до февруари 2011.

Scroll to Top