Top Sport

Рома не го сака, Ерменецот Мхитаријан се враќа во Арсенал

Ерменскиот фудбалски репрезентативец, Хенрих Мхитаријан нема да остане во редовите на Рома во наредната сезона.

Според информациите од Апенините, Мхитаријан кој стигна во Рим минатото лето на позајмица од лондонски Арсенал не ги оправдал очекувањата, па „волчицата“ нема да го откупи неговиот договор.

Арсенал за ерменскиот фудбалер од средниот ред бара 25 милиони евра, а во Рома сметаат дека тоа не е паметна инвестиција.

Извори блиски на Рома тврдат дека од клубот не сакаат да платат толку пари за играч кој често е повреден и кој има 31 година.

Оваа сезона пропушти 11 меча поради повреда на листот на десната нога, а на 15 меча во црвениот дрес одигра се на се 760 минути. Постигна 4 гола и имаше една асистенција.

Scroll to Top