Top Sport

Стукас по „глупоста на годината“ лета од Басконија (видео)

Му се удри од глава глупоста што неодамна ја направи канадскиот кошаркар во редовите на шпанска Басконија, Ник Стукас. Клубот и играчот спогодбено го раскинаа договоро, соопшти клубскиот сајт.

„Клубот и играчот постигнаа договор за раскинување на соработката. Му благодариме на Стукас за се што направи за Басконија. Му посакуваме среќа во професионалната кариера и во приватниот живот“ се вели во соопштението од клубот.

Канаѓанецот дојде летоска во клубот со репутација на одличен НБА играч, но тоа не го оправда на теренот.

„Чашата ја прели“ неговиот потег пред една недела кога на мечот со Реал Мадрид во последната секунда, сосема непотребно го фаулираше Факундо Кампацо по што Аргентинецот од линијата за слободни донесе победа за Кралевите.

Стукас со тој потег го доведе до нервен слом тренерот на Басконија, Душко Ивановиќ.

Погледнете го потегот кој му пресуди на канадскиот кошаркар:

Scroll to Top