Top Sport

Рома не успеа да ја победи Џенова

Рома не успеа да ја победи Џенова, на отворањето на 24.коло во Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ заврши без голови. Рома испушти можност да му се доближи на Јувентус на само еден бод, додека претпоследната Џенова освои значаен бод во борбата за опстанок.

Фудбалерите на Жозе Мурињо одиграа лош натпревар, беа без вистинска идеја во нападот. Неколку полу-шанси имаа домаќините, кои не успеаја да се наметнат ниту со играч повеќе не теренот. Во 68.минута Остигард беше исклучен.

Со играч помалку мечот го заврши и Рома. Заниоло доби црвен картон поради бурните протести во 94.минута кога му беше поништен гол.

Scroll to Top