Top Sport

Рома немоќна, Милан го освои „Олимпико“

Милан ја победи Рома на „Олимпико“ со 2:1. Ибрахимовиќ го постигна јубилејниот 400. гол во кариерата. Ова е прв пораз за Жозе Мурињо, како тренер на Интер и Рома, по 43 натпревари на домашен терен во Серија А

Милан во чекор го следи Наполи, со победата во дербито против Рома, росо-нерите се израмнија на челната позиција во Серија А со наполитанците.

Екипата на Стефано Пиоли во сите сегменти ја доби борбата со Рома и дополнително ги продлабочи проблемите со кои се соочува Жозе Мурињо.

Ибрахимовиќ постигна прекрасен гол во 26.минута. Ветаранот од слободен удар во 26.минута, испрати проектил по земја кој Руи Патрисио не можеше да го одбрани.

На почетокот на второто полувреме, на Ибрахимовиќ му беше поништен гол поради милиметарски офсајд.

Во 57.минута Милан доби пенал, во гол го претвори Кеси.

По водството од 0:2, Милан во 66.минута остана со играч помалку на теренот. Тео Ернандез го доби вториот жолт картон.

До крајот Рома се обидуваше, најчесто со удари од далечина, кои беа лесен плен за Татрушану.

Почесниот гол за Рома го постигна Ел шарави во 93.минута.

Scroll to Top