Top Sport

ПСЖ со шест победи, Нејмар го усреќи младиот навивач (видео)

Пари Сен-Жермен се врати од раниот автогол на Адриен Рабио да стигне до 3:1 победа на гостувањето кај Рен и да ги потврди шампионските амбиции со старт од шест победи во шест меча.

Тимот на Томас Тухел е без ривали во француската лига и веќе има пет поени предност пред изненадувањето на второто место, Лил.

Рабио во 11. минута си даде автогол, за Анхел ди Марија да израмни пред крајот на полувремето. Во второто полувреме, прво Муние доби одлична топка од Нејмар за 2:1 во 61. минута, за победата да ја потврди Чупо-Мотинг во 83. минута.

Крајот на мечот го одбележа и убав момент, кога Нејмар му го разубави денот на еден млад навивач.

Scroll to Top