Top Sport

Рома победи кај Специја со гол од пенал во 99. минута!

Без суспендираниот Жозе Мурињо на клупата, Рома со пенал во 99. минута од мечот успеа да стигне до 1:0 победа кај Специја, прекинувајќи ја низата од три ремија едноподруго и вклучувајќи се во борбата за место кое носи европски фудбал следната сезона.

Мурињо беше суспендиран поради навредите кон судијата Лука Паирето на претходниот меч против Верона и „волчицата“ повторно изгледаше немоќно во нападот, иако Специја играа со 10 играчи од 45. минута кога беше исклучен Французинот Келвин Амијан. Херој на домашните беше голманот Лука Проведел, кој имаше неколку одлични одбрани за да обезбеди поен за домаќините, но во 97. минута беше досуден пенал за гостите кој Теми Абрахам го реализираше за три поени.

Рома сега се шести со 44 поени, идентично како петтопласираната Аталанта, но дури шест зад четвртопласираниот Јувентус.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top