Top Sport

Рома подготвиле нов договор за Коларов

Челниците на Рома подготвиле нов договор за левиот бек Александар Коларов, пишуваат италијанските медиуми. Ова е пресврт во случајот со капитенот на српската репрезентација, бидејќи клубот се обидуваше да го продаде во летниот преоден рок.

Коларов има договор со Рома до јуни наредната година, а клупските челници му понудиле да потпише договор до јуни 2021 година со опција истиот да биде продолжен за уште една година, значи до јуни 2022.

Според новиот договор платата на коларов треба да биде намлена од три на два милиони евра, но прифаќањето на договорот значи дека Коларов кариерата ќе ја заврши во Рома.

Италијанските медиуми коментираат дека левиот бек ќе ја прифати понудата.

Scroll to Top