Претседателот на Рома, Џејмс Палота, ги обвинил судиите за елиминацијата на неговиот клуб во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. Рома, синоќа, во Порто загуби со 3:1 по продолженијата. Клучниот момент се случи во 117 минута кога со помош на ВАР-технолигијата судијата Чакир досуди пенал за Порто. Пеналот го реализираше Алекс Телес.
„Минатата година баравме ВАР бидејќи бевме оштетени во полу-финалето. Сега имаме ВАР и повторно сме ограбени! Требаше да има пенал и за нас. Патрик Шик беше соборен во шеснаесетникот. Снимката го покажува тоа, но ништо не се случи“, напишал Палота на „Твитер“.
Од делењето на правдата, на турскиот судија Чакри, не е задоволен ниту дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.
„Одлуките што беа донесени се срамни. Зошто не гледаа ВАР кога падна Шик? Не можеш да елиминираше некого на ваков начин. Минатата година против Ливерпул не ни досудија два пенали, а сега ова…Не постои изговор за нешто вакво“, рекол Манолас.