Вечерва ќе се одиграат првите полуфинални натпревари во Лига Европа. На програмата се дуелите Рома-Баер Леверкузен и Јувентус-Севилја.
Жозе Мурињо со Рома ќе ги пречека „фармацевтите“ од Леверкузен, тим предводен од омилениот играч на Португалецот, Чаби Алонсо. Баер европсјата одисеја ја започна во Лигата на шампионите, го освои третото место во групата со Порто, Бриж и Атлетико и се префрли во Лига Европа. На патот до полуфиналето ги елиминираа Монако, Ференцварош и Унион Сен-Жилоа.
Мурињо ќе се обиде со Рома да дојде крајот во натпреварувањето кое го освои како тренер на Манчестер јунајтед. Рома, лани, ја освои Конференциката лига.
Можни состави:
Рома (3-4-2-1): Патрисио – Манчини, Кристанте, Ибањез – Залевски, Матиќ, Вајналдум, Спинацола – Пелегрини, Дибала – Ејбрахам
Баер (3-4-3): Храдецки – Косуну, Та, Хинкапи – Фримпонг, Андрих, Тапсоба, Бејкер – Диаби, Адли, Вирц.
Јувентус пласман во финалето ќе бара против тимот кој е специјализиран за ова натпреварување. Со пет титули, Севилја е најтрофејниот клуб во ова натпреварување.
Двата тима имаат турбулентни сезони. Јувентус се уште не знаат дали ќе бидат казнети, откако пред три недели Судот во Лозана им ги врати одземените 15 бода. Доколку бидат казнети, како што се шпекулира со одземење на девет бода, Лига Европа и е единствената шанса на „Старата дама“, наредната сезона да игра во Лигата на шампионите.
Истото важи и за Севилја. Клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ има лоша сезона, веќе сменија двајца тренери, а ни првенството немаат шанси да изборат место во европските купови.
Можни состави:
Јувентус (3-5-1-1): Шчесни – Данило, Бремер, Сандро – Куадрадо, Фаџоли, Локатели, Рабио, Костиќ – Ди Марија – Влаховиќ
Севиља (4-2-3-1): Бону – Навас, Баде, Гудељ, Акуња – Геје, Ракитиќ – Окампос, Торес, Хил – Ен Несири.