Top Sport

Рома рутински го победи Лацио во градското дерби

Рома го победи Лацио со 2:0 во Дерби дела Капитале. Рома со овој триумф ја обезбеди седмата позиција и место во Конференциската лига на УЕФА, додека Лацио сезоната ќе ја заврши на шестото место.

Рома, максимално ги искористи кадровските со кои се сочи Лацио и забележа рутинска победа.

Хинрик Мхитаријан постигна гол во 42.минута, по асистенцијата на Един Џеко. Конечниот резултат го постави шпанскиот ветеран Педро во 78.минута.

Лацио мечот го заврши со играч помалку, поради исклучувањето на Ачерби.

Scroll to Top