Рома ризикува да го загуби освоениот поен по 0:0 ремито на гости кај Верона поради поставувањето на Амаду Дијавара во игра, тврдат италијанските медиуми.
Според „Ла газата дело спорт“, фудбалерот од среден ред бил регистриран на листата на У-22 играчи, а не во главниот тим, а од Рома не забележиле дека тој наполнил 23 години на 17 јули. Ова значи дека тој немал право на настап и може да го загуби мечот службено со 3:0.
Ова не би се случило првпат, бидејќи Сасуоло биле казнети за ист прекршок во 2016 година со службен пораз од 3:0.
Во Рома биле подготвени на жалба, признавајќи дека се работи само за административна грешка.