Top Sport

Рома сака да го убеди Икарди да дојде на „Олимпико“

Откако и самиот сфати дека нема што да бара во новиот Интер на Антонио Конте, Мауро Икарди чека добра понуда и разрешница на ситуацијата по неуспехот да се замине за Премиер лигата, така што понудата на Рома  може да биде совршена за него.

Јувентус беше најзаинтересиран од италијанските клубови за Аргентинецот, но сега Рома со солидна понуда од 8 милиони евра по сезона ќе го направи најскапо платен фудбалер на „волчицата“, а Рома ќе го предаде Един Џеко и 40-тина милиони евра.

Според „Спорт медијасет“, Икарди, конечно, е подготвен да ја разгледа опцијата и до почетокот на септември да биде во нов тим.

Scroll to Top