Top Sport

Рома се надева дека ќе го доведе Лукаку

Финалистот во Лига Европа, тимот на Рома, би можел да го ангажира напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, во последните денови од летниот преоден рок. На Жозе Мурињо му недостига уште еден квалитетен напаѓач во тимот и ќе се обиде да го доведе Белгиецот на „Олимпико“.

Според „Гол Италија“, барањата на Челси се исклучително високи, а платата на Лукаку се смета за преголема за финансиските можности на Рома. Сепак, претставниците на „волчицата“ се решени да се обидат да го ангажираат Белгиецот на позајмица за претстојната сезона.

По неуспешните преговори со Интер и со Јувентус, Лукаку е очаен да најде нов тим бидејќи е „замрзнат“ од Маурисио Покетино на „Стемфорд бриџ“. Тој во моментот тренира со младинците на Челси.

Scroll to Top