Top Sport

Рома се откажува од Смолинг, преговара со Вертонген

Рома покажува сериозен интерес за Јан Веттонген кој како слободен играч го напушти Тотенхем. „Волчицата “ ќе се обиде да го донесе Белгиецот бидејќи не може да го задржи Крис Смолинг кој мора да се врати во Манчестер Јунајтед.

Рома не може да се договори со „црвените ѓаволи“ околу сумата што треба да ја плати за Смолинг, поради што Манчестер Јунајтед нема да му дозволат да игра за Рома во Лига Европа.

Поради тоа Рома за наредната сезона ќе се обиде да го ангажира Вертонген. Доколку сака да го привлечат Белгиецот челниците на Рома ќе мора да го „одврзат кесето“ од причина што интерес за него покажуваат Лацио и Интер.

Наводно Рома му понудиле две годишен договор тежок шест милиони евра.

Scroll to Top