Top Sport

Барса нема пари – Бартомеу ги прекинал преговорите со Интер за Лаутаро

Барселона, односно претседателот Џозеп Марија Бартомеу, ги прекинал преговорите со Интер околу трансферот на Лаутаро Мартинез.

„Ла Вангардиа“ тврди дека Барселона има преддоговор со Лаутаро на пет години, но нема пари да го го откупи од Интер. Оваа сезона Аргентинецот има постигнато 19 голови. Лаутаро со 22,7 милиони евра во 2018 година во Интер пристигна од Расинг.

Бартомеу бил подготвен да преговара со Интер кога ќе собере пари. Неговиот план е да продаде неколкумина играчи за да може да го донесе Лаутаро.

Според шпанските медиуми на трансфер-листата се Самуел Умтити, Рафиња, Жан-Марк Тодибо, Карлес Алења и Фелипе Кутињо или Усман Дембеле.

Scroll to Top