Top Sport

Рома се повлекува од трката за Дибала?

Пауло Дибала е слободен агент и еден од најбараните фудбалери на пазарот во Серија А и како што стојат работите тој ќе остане во Италија. Главни кандидати за неговиот потпис се Интер и Рома, но се чини дека „волчицата“ полека се повлекува од трката.

Според медиумите во Аргентина, Дибала добил конкретна понуда од Интер. Договорот е на три години, а висината на приходите се уште не е позната, иако се претпоставува дека се движи околу 7 милиони евра.

Според истите извори, Рома полека се повлекува од преговорите за досегашниот офанзивец на Јувентус, каде ги мина последните седум години.

Изминатава сезона Пауло Дибала постигна 15 гола на 39 натпревари во дресот на „старата дама“. Со клубот од Торино освои пет шампионски титули на Италија.

Scroll to Top