Top Sport

Рома се засили со двајца Шпанци

Фудбалскиот клуб Рома во финишот на преодниот рок се засили со двајца играчи од Шпанија. Нови играчи на „волчицата“ се Карлес Перез и Гонзало Виљар.

Перез (21) во Рим пристигна од Барселона, додека неговиот врсник Виљар дојде од Елче.

Карлес Перез е позајмен во Рома, со обврска клубот да го откупи неговиот договор, додека трансферот на Виљар изнесува четири милиони евра.

Италијанските медиуми коментираат дека Рома гради тим за наредните години, бидејќи покрај со Перез и Виљар пред неколку дена потпиша договор и со Роџер Ибањез.

Scroll to Top