Top Sport

ЛА Лејкерс: Разорени сме. Со зборови не се опишува колку ни значеше

Четири дена поминаа од трагичната несреќа во која загина Коби Брајтн, неговата 13 годишна ќерна Џијана и уште седум други лица.

Брајант и настрада во хеликоптерска несреќа која во неделата се случи во Лос Анџелес. Веста за неговата смрт го шокираше светот. Неговите колеги, спортски клубови со емотивни пораки се простуваат од него.

Меѓу клубовите се и ЛА Лејкерс каде Брајант ја мина целата своја кариера. За две децении Коби со Лејкерси освои пет шампионски титули.

„Разорени сме и тажни по изненадувачкиот губиток на Коби Брајант и неговата ќерка Џијана. Им ја испраќаме нашата љубов на Ванеса и на семејството на Брајант, како и на семејствата на останатите патници. Не постојат зборови со кои би можеле да опишеме колкаво беше значењето на Коби за ЛА Лејкерс, навивачите и градот. Беше повеќе од кошаркар, беше сакан татко, сопруг и соиграч. Неговата љубов и светло засекогаш ќе останат во нашите срца“, стои во пораката.

Scroll to Top