Top Sport

Рома се засили со Хусем Ауар

Италијанскиот калчолигаш Рома се засили со одличниот фудбалер од средниот ред на Лион, Хусем Ауар. Тој доаѓа во редовите на „волчицата“ како слободен агент и потпиша договор до 2028 година.

24-годишниот играч за врска го напушта Лион и отвора нова епизода во кариерата.

Хусем Ауар за Лион одигра 179 натпревари, постигна 30 гола и забележа 24 асистенции.

Scroll to Top