Top Sport

Рома, сепак, загуби службено од Специја со 3:0 за шесте замени

Спортскиот суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) одлучи Рома да загуби службено со 3:0 од Специја во осминафиналето на Копа Италија, и покрај тоа што во драматичен меч тие загубија со 4:2 по продолженијата.

Причината за овој службен резултат, секако, се непрописните шест замени кои „волчицата“ ги направи во текот на мечот, по што тие го отпуштија тимскиот менаџер Џанлука Гомбер и глобалниот шеф за спорт, Маноло Зубирија.

Ова е вторпат Рома да загуби службен натпревар оваа сезона поради неверојатна административна грешка, откако во првиот меч од шампионатот, во кој одиграа 0:0 со Верона, го ставија во игра Амаду Дијавара и покрај тоа што не смееја да го направат тоа.

Бунт во Рома – Един Џеко и Лоренцо Пелегрини против тренерот и управата

Scroll to Top