Top Sport

Дали Клоп признава дека Ливерпул нема пари за трансфери во јануари?

Јирген Клоп инсистира дека трансферите во Ливерпул се „дневна тема“, уште еднаш посочувајќи дека Ливерпул немаат многу пари за трансфери во јануарскиот преоден рок.

Подолго време тема се централните бекови на Ливерпул по повредите на Виргил ван Дајк и Џо Гомез и проблемите со фитнесот на Џоел Матип, и по драматичниот пад на формата – четири меча во Премиер лигата без постигнат гол и пет меча без победа, дел од фановите и новинарите сметаат дека само со засилувања може да се „спаси“ сезоната. Клоп, пак, ги потврдува шпекулациите дека до летото нема пари за засилувања.

„Не можам да одлучувам дали ќе правиме нешто на пазарот на играчи, тоа треба да ви е јасно“, одговори луто Клоп по поразот од 1:0 во четвртокот.

Сега, запрашан да ги објасни тие коментари, тој го направи тоа.

„Секако, некој друг ги прави одлуките за трансфери, а не јас. Така било секогаш и не знам зошто луѓето се изненадени од тоа.Во Ливерпул секојдневно разговараме за трансфери. Размислуваме за тоа што може да се подобри и правиме препораки. Но, јас не сум тој што трошам пари. Таква е работата“, вели Клоп.

Scroll to Top