До 81. минута од мечот на „Олимпико“ изгледаше дека Рома на Жозе Мурињо ќе доживее нов срамотен пораз, по тој од 2:1 од Бодо/Глимт, откако губеа од последнопласираниот тим на Салернитана, пред во луд пресврт да дојат до трите поени за да се вратат на петтото место на табелата.
Српскиот ветеран Иван Радовановиќ во 22. минута ги донесе Салернитана во водство по асистенција на уште еден ветеран, Франк Рибери, и аутсајерите го држеа ова водство до самиот финиш на мечот.
Замената Карлес Перез во 81. минута, конечно, го проби „ѕидот“ на Салернитана за израмнување, за само четири минути подоцна, дефанзивецот Крис Смолинг да обезбеди победа за „волчицата“ пред над 64.000 гледачи на фудбалскиот храм во Рим.
Standings provided by SofaScore LiveScore