Top Sport

Рома со убедлива победа во Украина, Партизан со две победи во два меча

Рома на Жозе Мурињо стигна до втората убедлива победа во Конференциската лига на УЕФА, триумфирајќи во Украина со 3:0 над Зорја Луханск, додека и српски Партизан има совршен старт на третото по ранг европско натпреварување, по 2:0 победата над естонска Флора.

Стефан Ел Шарави им донесе рано водство на Рома уште во седмата минута, по што проработе „англиската“ врска во второто полувреме – Крис Смолинг во 66. минута зголеми на 0:2, за Теми Абрахам да ја продолжи одличната голгетерска форма во „волчицата“ две минути подоцна.

Во Белград пак, Лазар Марковиќ постигна два гола (20. и 42. минута) за 2:0 победа и прво место во групата Б. 

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО

ГРУПА А

Алашкерт – ХЈК Хелсинки 2:4

ЛАСК Линц – Макаби Тел Авив 1:0

ГРУПА Б

Гент – Анортозис 2:0

Партизан – Флора 2:0

ГРУПА Ц

ЦСКА Софија – Бодо/Глимт 0:0

Зорја Луханск – Рома 0:3

ГРУПА Д

АЗ Алкмар – Јаблонец 1:0

ЦФР Клуж – Рандерс 1:1

Scroll to Top