Кризата на Рома продолжува, откако „волчицата“ во седми натпревар едноподруго не успеа да стигне до победа – овојпат беа шокирани со 0:1 од Сампдорија на „Олимпико“.
Алесандро Флоренци имаше шанса да донесе водство за Рома во 39. минута од мечот откако по сомнителна игра со рака (шутирана топка), беше покажано на белата точка. Меѓутоа бразилскиот голман Алисон му ја одби топката на Флоренци.
Казната стигна во 80. минута, кога Колумбиецот Дуван Запата „налета“ на нафрлената топка од Муру за импресивна победа на тешкото гостување.
Рома е на петтото место во Серија А со 41 поен, додека Сампдорија сега е шеста со 37 поени.