Top Sport

Рома заработи милиони од Конференциската лига

Рома, синоќа во Тирана, го совлада Феенорд со 1:0 во финалето на првото издание на Конференциската лига и стигна до првиот европски трофеј по 1961 година. Избраниците на Жозе Мурињо славеа со голот на Заниоло во 32. минута, а португалскиот тренер стана вториот во историјата со пет европски трофеи.

Рома автоматски избори пласман во Лига Европа следната сезона, но Италијанците преку Серија А веќе бае пласирани во Лига Европа, па нема да го искористат тој бонус. Но, тие многу добро ќе ја искористат прилично големата сума на пари што ја заработија со победата на овој натпревар.

Рома во Конференциската лига влезе од плеј-офот, во два натпревари го победи турски Трабзонспор со 5:1. За пласманот во групите таа доби 2,94 милиони евра, а потоа по 166.000 евра за секој освоен бод. Рома освои 13 од нив, заработувајќи дополнителни 2,15 милиони евра.

Клубот доби бонус од 650.000 евра за освоеното прво место во групата, уште 300.000 за минување на групата и уште 600.000 евра за пласман во осминафиналето.

Со влегувањето во четвртфиналето заработи дополнителен милион, два за полуфиналето, а победата во натпреварувањето и донесе уште пет милиони евра.

Така Рома оваа сезона од Конференциската лига заработи 14,6 милиони евра во кои не влегуваат дел од приходите од ТВ правата, како и бонусот за европскиот коефициент.

Римјаните овие пари ќе ги добијат подоцна, а со што вкупниот приход од учеството во Конференциската лига ќе порасне на речиси 20 милиони евра.

Scroll to Top