Top Sport

Романецот од Џенова се сели во Тотенхем

Раду Драгушин (21) по шест месеци е подготвен да ја напушти Џенова. Џенова го откуши неговиот договор од Јувентус во летниот преоден рок за 5.500.000 евра.

Италијанскиот трансфер инфлуенсер Фабрицио Романо, откри Драгушин кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем. Англискиот клуб за Романецот ќе плати 25.000.000 евра.

Романо наведува дека Драгушин веќе постигнал договор со Тотенхем околу платата и бонусите.

Драгушин, веќе има 12 настапи за сениорската репрезентација на Романија, а оваа сезона ја импресионираше италијанската фудбалска јавност со своите игри во последната одбранбена линија на клубот од „Мараси“.

На 21 натпревар, постигна два гола и забележа една асистенција. На 29 декември тој постигна гол во ремито меѓу Џенова и Интер (1:1).

Scroll to Top